Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април од централнодесничарската партија Тиса.
Орбан (62) беше инспирација за десничарските конзервативци низ Европа и САД како креатор на тоа што тој го нарече „нелиберален“ модел на демократија. По поразот на Фидес, политичката иднина на Орбан беше доведена во прашање, а тој се соочи со притисок од некои поранешни лојалисти да се повлече од политиката, што е прва таква отворена критика откако дојде на власт во 2010 година.
На денешниот конгрес на партијата за реизборот на Орбан гласаа 729 од вкупно 737 делегати, објави државната агенција МТИ. Тој немаше противкандидат.
„Не се откажувам, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш не се откажувам“, изјави Орбан во говорот пред гласањето на конгресот, повторувајќи дека ја презема целосната одговорност за изборниот пораз на партијата.
Тој додаде дека Фидес 16 години беше „фантастична владејачка партија“, но дека треба да помине низ промени за да стане функционална опозициска партија што би можела повторно да владее.
На априлските избори, партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар освои двотретинско парламентарно мнозинство, што беше доволно за да ги поништи уставните измени на Орбан.
Според анкетите на јавното мислење, Фидес ја изгуби поддршката од изборите досега. Мајската анкета на Институтот Публикус покажа дека Тиса има 55 проценти поддршка, во споредба со 53 проценти што ги обезбеди на изборите, додека поддршката за Фидес падна на 17 проценти, во споредба со 39 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
-

Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
-

Што значи победата на АФД на покраинските избори во Германија
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
