Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите

Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се третираат како отпад, јави дописничката на МИА од Атина.
Од општината, на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се повикуваат посетителите најдоцна во рок од 24 часа да ги соберат нивните предмети од плажите и порачаа дека целта е „слободни и достапни плажи за сите“.
- Општина Касандра ги известува граѓаните и посетителите дека чадори, лежалки или друга придружна опрема кои се поставени или заклучени на јавен простор на крајбрежје – плажа без законско право, го ограничуваат слободното користење на просторот од страна на јавноста. Согласно одредбите од Законот 5092/2024 за заштита на јавниот карактер на крајбрежјето и плажите, сопствениците се повикуваат веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од поставувањето на известувањето, да ги отстранат предметите, соопштија од општината.
Објаснија дека по истекот на наведениот рок, Општина Касандра може да пристапи кон отстранување и собирање на предметите, со цел повторно воспоставување на слободното користење на јавниот простор, без дополнително известување.
- Предметите што ќе бидат отстранети ќе се сметаат за напуштени на јавен простор и ќе се третираат како отпад, согласно важечкото законодавство и правилникот за чистота на Општината. Истите нема да се чуваат и нема да бидат вратени на нивните сопственици, појаснија од општината во нивното известување на македонски јазик.
Минатата година, во текот на летната сезона, општина Касандра спроведе неколку најавени, но и ненајавени акции на различни локации на првиот крак на Халкидики за отстранувањето на нелегално поставените чадори, столици, лежалки и слична опрема на плажите со цел да се заштитат плажите и животната средина и да се обезбеди слободен пристап за сите.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
