Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата

Општина Дебар продолжува со редовните активности насочени кон заштита на јавното здравје и унапредување на хигиенските услови на својата територија, во чии рамки успешно е реализирана првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата на нејзина територија.
-Во тие рамки извршена е теристичка, од земја, дезинсекција со цел уништување на комарците. Беа опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата. Во однос на дератизацијата беа третирани 150 шахти од канализациската мрежа, информираа од Општината.
Тоа, додаваат, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар а со цел заштита на јавното здравје, спречување на ширењето на болести и создавање побезбедни услови за граѓаните.
Деновиве теристичка ларвицидна дезинсекција и дератизација беше реализирана на целата територија на Општина Маврово и Ростуше, со цел, како што информираа, спречување на појава и ширење на заразни болести преносливи преку инсекти и глодари а врз основа на одлуката на Советот на општината.
Ново на Сител
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
-

Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
-

Што значи победата на АФД на покраинските избори во Германија
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
