Македонија
15. August 2023 - 21:15

Опозицијата во албанскиот блок влезе во кампања

Развиорени знамиња на голема Албанија, заострена реторика и етнички барања и услови...албанскиот опозициски блок се повеќе игра на картата на национализмот. Политичките аналитичари велат дека тоа е резултат на предизборна атмосфера. Касами, Гаши и меџити се обидуваат да направат силен фронт против Ахмети, а посетата на Курти само е искористен повод, велат тие. 

Сепак, Небиу вели дека етничката реторика на албанскиот блок нема да го намали коалицискиот капацитет со некоја од поголемите македонски партии. 

Аналитичарот вели дека предвремени избори се речиси извесни.