Македонија
19. December 2023 - 16:43

Опозицијата се закани со напуштање на ДИК – власта крои коалиции

Ако албанската опозиција не го добие местото во ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече своите претставници. Откако конечно го потврди учеството во техничката Влада опозицискиот лидер најави можност неговата партија да остане надвор од државната изборна комисија.

И додека во опозицијата веќе се профилираа двата етнички блока во власта се уште никој не знае кој со кого ќе оди на избори. По вчерашната средба на Таравари - Ахмети во Гостивар, интегративците не кријат дека ја сакаат Алијанса во својот табор партија за која отворена врата држи и албанската опозиција. Актуелниот градоначалник на Гостивар вели дека сите опции се отворени иако тврди дека партиското членство е против коалиција со ДУИ а заеднички настап со СДСМ ќе оди на штета на партијата на Ковачевски. Тој пак денеска средбата на Ахмети и Таравари ја оцени како позитивен чекор за демократијата. И покрај можноста овие две партии да одат заедно без СДСМ на избори, премиерот е убеден дека граѓаните ќе избираат меѓу две опции.

Но освен премиерот планови имаат и останатите лидери во владејачкиот блок. ДУИ се уште нема конечна одлука за предизборна коалиција со СДСМ па не се исклучува можноста Ахмети и Таравари да одат заедно а Ковачевски да остане со своите традиционални партнери. ЛДП веќе потврди дека ќе оди со СДСМ истото се очекува и од НСДП, ДОМ и останатите стаелити на Бихаќка.