Македонија
4. May 2023 - 12:27
ОПМ: Граѓаните добиваат производи со поминат рок и неразбирливи декларации
По замрзнувањето на цените на одредени производи, зачестени поплаките на потрошувачите.Производи со поминат рок, неразбирлива декларација на која нема информации на македонски јазик, непочитување на гаранции и гарантен рок, брзите пошти кои не им даваат можност на купувачите да го проверат производот пред да го земат се само дел од поплаките на што најчесто реагираат граѓаните.
Со оглед на тоа дека зголемен е бројот на купување преку интернет од организацијата за заштита на потрошувачите апелираат до граѓаните да не вршат нарачки од непроверени онлајн страни.
Од ОПМ велат дека за жал граѓаните сеуште недоволно се едуцирани за нивните потрошувачки права.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
