Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава

Во рамки на Европската мултидисциплинарна платформа за закани од криминал (EMPACT) за приоритетната криминална област трговија со луѓе, во периодот 8-13.6.2026 беа спроведени заеднички акциски денови. Оперативната акција Global Chain, во која учествуваат вкупно 59 држави, е насочена кон сузбивање на трговија со луѓе за целите на сексуална експлоатација, трговија со деца, но исто така и илегална миграција, питачење, трудова експлоатација, се со цел откривање и спречување на организирани криминални групи и цели од висок интерес. Оваа оперативна акција е предводена од Австрија, додека ко-лидери се Романија, Европол, Фронтекс, Интерпол и Америпол.
Во текот на оперативната фаза се спроведоа т.н. Заеднички акциски денови, за кои и беше воспоставен Заеднички координативен центар во МВР. Во рамки на Центарот беа распоредени претставници од 40 држави учеснички, кои вршеа проверки и меѓусебно разменува информации во реално време преку каналот за размена на информации на Европол - СИЕНА. На национално ниво беа откриени три кривични дела „фалсификување исправа“, 49 прекршоци, од кои 42 се сторени од 42 странски државјани (Албанија -17, Турција-16, Србија-три, Индија и Велика Британија-по два и по еден од Косово и Бугарија) и седум прекршоци сторени од државјани на нашата држава. Најчест прекршок е „престој спротивно со наведената цел и причина“. Идентификуван е и случај на нелегално посвојување и покрената е истрага поврзана со трговија со луѓе преку присилно питачење.
Вкупно пак, во сите држави учеснички во рамки на операцијата уапсени се 1024 уапсени лица (334 за трговија со луѓе и 690 за други кривични дела), идентификувани се 2.070 жртви и потенцијални жртви (1.908 возрасни и 162 малолетни лица), идентификувани 201 дополнителен осомничен, отворени 465 нови истраги и откриени 80 случаи на фалсификувани документи.
Ново на Сител
-

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра
-

СП 2026: Норвешка со два гола на Халанд го урна Бразил и обезбеди четвртфинале
-

СП 2026: Англија избори четвртфинале со триумфот над Мексико
-

Најмалку девет жртви во руски напад врз Киев
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342
-

Продолжува комисиската расправа по предлог ребаланост на Буџетот
-

Трамп повторно ја нападна Мелони на социјалните мрежи
