Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција

Артилериска граната од 75mm од Првата светска војна била пронајдена денеска во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната граница со Грција. Според ДЗС, станува збор за неексплодирано убојно средство, кое веднаш било обезбедено од надлежните служби. Неексплодираната граната ќе биде безбедно транспортирана и уништена на армискиот полигон „Криволак“.
-Пиротехничарите на ДЗС предупредуваат дека пронајдената неексплодирана граната, кај границата со Грција, може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Пиротехничарот од ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, појаснува дека гранатата е од типот топовски проектили од Првата светска војна и дека најверојатно се работи за испукана, но неексплодирана граната која останала активна. Според него и при најмал удар може да дојде до моментална експлозија, бидејќи станува збор за исклучително опасно убојно средство, со потенцијално смртоносно дејство во радиус од околу 150 метри.
Според ДЗС, неексплодираната граната ќе биде безбедно транспортирана и уништена на армискиот полигон „Криволак“, согласно протоколите за уништување на неексплодирани убојни средства (НУС). Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов апелира до граѓаните, во случај на пронаоѓање на сомнителни предмети што наликуваат на експлозивни средства, да не ги допираат и веднаш да пријават на бројот 112.
МИА
Ново на Сител
-

СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи
-

Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико
-

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца малолетници
-

Погребот на Владо Јаневски ќе биде одржан во среда на Градските гробишта во Бутел
-

Од полноќ поевтин дизел, поскапување на бензинот
-

Казината и обложувалниците се селат на 500 метри од училиштата, усвоен Законот за игри на среќа
-

Подната фонтана на плоштадот се враќа во функција по повеќе од 10 години запуштеност
-

Пет колапси на жештините денес во Скопје, докторите апелираат да не се излегува од 11 до 17 часот
