Македонија
29. јуни 2026 - 16:44

Од полноќ поевтин дизел, поскапување на бензинот

Од ноќеска на полноќ, цената на дизелот ќе се намали за половина денар по литар, а за исто толку поскапува цената на бензините, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Од 30.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,495 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,796 денари за килограм.