Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ најави дека средствата собрани од билетите за натпреварот Македонија-Велс ќе одат за настраданите во трагедијата во Кочани.
-Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите.
Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе. Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите. Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена, рече Омерагиќ по победата над Лихтенштајн во првиот натпревар во новиот циклус квалификации, овојпат за СП 2026 година.
Да потсетиме дека, македонската А репрезентација со победа од 3:0 во Вадуц против Лихтенштајн ги отвори квалификациите. Нашата најдобра селекција уште по првото полувреме го реши прашањето околу победникот. Александар Трајковски во 8. минута и Висар Муслиу во 43. минута беа стрелци по првите 45 минути на стадионот „Рејнпарк“. Во вториот дел погоди и Бојан Миовски за конечни 3:0 за Македонија.
Селекторот Милевски го започна мечот со најдобриот состав. Имавме доста офанзивна поставеност, со Миовски, Трајковски, Чурлинов, Елмас, Барди и Алими во нападот и средниот ред. Тоа донесе притисок на Македонија и повеќе се играше на половината на Лихтенштајн.
Во квалификациската група Ј, вечерва од 20 часот и 45 минути се среќаваат Велс и Казахстан, а во истата група е и репрезентацијата на Белгија.
Ново на Сител
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
-

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни, но и родители што ќе одбијат да соработуваат со училиштето
-

Лавров: Неколку земји побараа членство, но БРИКС нема да брза со проширување
-

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ - 24-часовни објави со слики што ќе се гледаат само еднаш
-

Низок ризик од појава и ширење на хантавирус во државата, велат од Комисијата за заразни болести
