Фудбал
21. May 2026 - 11:23

Омерагиќ: Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Силекс

По освојувањето на Купот на Македонија, Силекс доби честитки и признание за прикажаната игра и заслужениот триумф во финалето.

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ упати искрени честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на кратовскиот клуб, истакнувајќи дека тимот заслужено стигнал до трофејот.

Тој оцени дека натпреварот бил одлично организиран, одигран во фер услови и со квалитетно судење, а на Силекс му посака многу успех во претстојните европски предизвици и достоинствено претставување на македонскиот фудбал во Лигата на конференции на УЕФА.

Ново на Сител