Македонија
21. February 2023 - 12:22
Охридските занаетчии немаат каде да ги изложуваат производите
Охридските занаетчии и уметници нема каде да ги презентираат своите дела. Тие велат дека се оставени сами насебе особено во зимскиот период кога нема многу туристи во градот немаат можност да ги нудат своите креации нема ни саеми ни базари како во останатите центри.
Овој период тие освен во своите дуќани рачните изработки кои најчесто им се единствената заработка ги продаваат онлајн на социјалните мрежи.
Занаетчиите се едногласни дека во градот има таленти, но за жал недостасува катче каде на едно место ќе се види нивната креативност.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
