Охридските угостители останаа без работници, туристите ќе ги служат ученици
Хотелиерите и угостителите сеуште мака мачи со изнаоѓање стручен кадар .На испразнетите места од вработените каде голем дел заминаа во странство како кувари ,шанкери,келнери и собарки оваа сезона ќе се ангажираат млади и ученици кои се подготвени да одговорат на потребите.
За увозот на работна сила од странски земји ХОТАМ смета дека тоа ќе помогне во повеќето сектори. Туризмот е гранка која не познава граници, во оваа индустрија во сите земји во светот се ангажираат странци.
Стручниот кадар најчесто ја напушта нашата земја за поголеми плати и услови кои се нудат во туристичкиот сектор.
Охрид ова лето очекува рекорден број на туристи а работодавачите се соочуваат со истиот пробем, не можат да најдат соодветен кадар за да ги пополнат работните места.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
