Македонија
2. May 2022 - 12:21

Охридските нуркачи апелираат да не се користи пластика за еднократна употреба

Проблемот со отпадот и депониите околу нас кои ја загадуваат животната средина никако да се реши. Се загадуваат езера,реки, се труе воздухот, се расфрла градежен и пластичен отпад каде што ќе се стигне ,охридскиот нуркач Паскали преку подводно видео на потегот од Сараиште до градското пристаниште ги прикажува убавините на нашето езеро со една единствена порака да се  зачуваат истите.

Паскали апелира да престане да се употребува и  користи пластика за еднократна употреба која впрочем и најчесто ја има на дното на охридското езеро.

И покрај постојаните акции за чистење и апели за подигнување на еко свеста да не се загадува природата сепак активистите најчесто отпад наоѓаат на оние места каде најчесто се движат граѓаните по плажите ,кејот и езерото.