Македонија
21. November 2022 - 12:27

Охридските јавни претпријатија се дават во долгови

Високите сметки за електрична енергија ,горивото и усогласувањето на платите на вработените со законската минимална плата се едни од најгорливите проблеми со кои се соочуваат охридските јавни претпријатија. Извештаите за работата ја отсликуваат идентично тешката финансиска состојба која е хаотична една сегашна месечна сметка за струја чини како претходно што трошеле за цела година.

Во однос на загубите на вода што се уште се голем проблем за претпријатието Водовод, директорот потенцира дека тоа се должи на застарената водоводна мрежа, застарената и недоволна механизација, како и недоречености со законската регулативата.

Од локалната најавија дека помош за надминување на финансискатаа ситуација во јавните претпријатија  ќе бараат од Владата.