Македонија
10. September 2022 - 16:48

Охридски пливачки маратон - Традицијата продолжува

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес беше најбрз и стигна прв на целта на 35от  Охридски пливачки маратон . Тој 25 километарската патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина за време од 5 часа, 50 минути, 30 секунди и 5 стотинки.

Трката беше многу тешка, бидејќи водата беше студена и имаше бранови. Многу сум среќен што победив, рече Хернандес.

Втор на целта пристигна Франческо Гетини од Италија кој по четврти пат плива на Охридскиот маратон од кои на 32-от беше победник,.

Долга е трката, на крај имаше бранови и беше тешко. Последниот час беше стварно тежок. Задоволен сум со второто место, рече Гетини.

Градоначалникот Пецаков истакна дека традицијата во Охрид продолжува и за следната година најави дека манифестацијата ќе има повеќе содржини и ќе биде побројна.

Нашиот пливач македонецот Евгениј Поп Ацев пристигна трет на целта а веднаш зад него и нашиот втор учесник Александар Илиевски.

Годинава учество зедоа 8 пливачи .Сезонава имаше проблеми со одржувањето на Охридскиот маратон, во еден момент дури беше откажан, а потоа по реакциите од јавноста сепак презакажан. Сезонава се одржува во септември за разлика од традиционалниот термин, последната недела од август.