Македонија
24. August 2022 - 12:30

Охридската полиција секојдневно приведува рибокрадци

Нема крај на рибокрадството во Охридското езеро. Прекуграничниот криминал го уништува ионака осаромашениот рибен фонд.Пед само два дена кај 66 годишен албански државјанин на Граничниот премин „Св.Наум“, при преглед врз патничко моторно возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, во делот наменет за резервно тркало, биле пронајдени 14 кг (160 парчиња) риба – охридска белвица без соодветна документација.Од полицијата велат дека  продолжуваат со засилените контроли.

Од охридската полиција најавија дека во различно време од денот и ноќта се патролира. Акциските контроли се реализираат во вода но  и на копно, за да се фатат риби при транспорт во возила.

Албанскиот државјанин бил приведен во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Св.Наум“ и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Но за жал, иако акции постојано се спроведуваат, меѓутоа се чини дека рибокрадците не се исплашени од нив, штом постојано се случуваат кражби на риби.