Охридската пастрмка и белвицата пред исчезнување - активни рибокрадците од двете страни на границата
Популацијата на ендемичните видови охридска пастрмка и белвица на критично нево.Екологистите стравуваат дека може да дојде до нивно исчезнување и алармираат на поголема контрола во водите на езерото.Зороски предлага по теркот на останатите земји во Европа и светот поставување на термални камери на потегот од Пештани до Свети Наум и во струшкиот дел од Радожда до Калишта ,но и во албанскиот дел на езерото кои особено во ноќните часови ќе регистрираат се она што се случува во езерото и полесно ќе се фатат рибокрадците.
Од Хидробиолошкиот завод пак посочуваат дека потребна е построга примена на законските регулативи ,поголема координација на нaдлежните и поголеми казни за решавање на овој проблем.
Охридска пастрмка и белвицата се најатрактивни за рибокрадците бидејќи се едни од најбараните на пазарот и во рестораните а цената е доста висока.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
