Македонија
8. September 2022 - 12:21
Охрид со манифестации ја продолжува летната сезона
Охрид со низа манифестации за продолжениот празничен викенд ја продолжува сезоната.За прв пат се организира Винофест потоа следи Охридскиот пливачки маратон а ќе има и дополнителни културни и спортски содржини се со цел привлекување на што поголем број туристи од земјава и странство.
Посетителите кои овој викенд одмараат на брегот на езерото ќе може да уживаат во дегустацијата на вина ,богатата музичка и спортска програма.
На самиот крај на летната сезона хотелиерите долж ривиерата се надеваат дека со збогатување на понудата овој период од годината може да се продолжи сезоната тие очекуваат солидна исполнетост на капацитетите и во септември.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
