Македонија
8. July 2022 - 12:26

Охрид се уште нема плажи за лица со инвалидитети

Охрид  никако да добие плажа за лица со телесен инвалидитет.Години наназад се изготвуваа проекти се одредуваа локации но од сето тоа сеуште ништо.Од здружението Мобилност велат дека секогаш на ваквата идеја се соочувале со препреки и образложение дека градот е под закрилата на Унеско и не смее да се бетонира брегот на езерото но како што велат постојат и алтернативни решенија по теркот а Хрватска каде доста успешно функционираат капалиштата.

Жалосно е лицата со телесен инвалидитет наместо во сопствената земја да одат во соседството на плажа бидејќи тука нема услови .

Иако над 700 членови од Мобилност, во текот на летниот период, во Охрид, ги користат реновинарите апартмани за одмор и рекреација, сепак надлежните  сеуште немаат  слух  за адаптација на плажите за лицата со телесен инвалидитет како што е насекаде во светот.