Македонија
30. April 2023 - 19:47
Охрид полн со туристи за продолжениот викенд
Најголемиот туристички центар, Охрид, и овој празничен викенд полн со гости.
Традиционално, најбројни се туристите од соседството, како и домашните , а периодов актуелни се и кружните тури со посетители од Грција, Албанија, Србија, Турција но и од подалечните земји .Голема раздвиженост има низ чаршијата и кејот, а исполнети се и терасите од кафулињата долж охридското крајбрежје.
Туристичките работници задоволни од исполнетоста велат дека Охрид останува атрактивна и поевтина дестинација во споредба со туристичките центри во регионот.
Првомајскиот викенд секогаш е добра најава за туристичката сезона која е пред нас, угостителите и хотелиерите се надеваат дека оваа ќе биде една од поуспешните до сега.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
