Македонија
7. January 2023 - 16:39
Охрид полн со туристи за Божиќ
Православните храмови во Балканскиот Ерусалим исполнети со верници.
Охриѓани но и оние гости кои за празниците се во Охрид присуствуваа на празничните богослужби , палеа свеќи со желби за здравје и благосостојба во семејствата, а оние пак кои ги постеа Божиќните пости за примија светата причест.
Божиќ е денот на Христовото раѓање тој е втор најголем празник во христијанството.Божиќ е семеен празник и на овој ден традиционално семејствата се собираат на празничен ручек.
Според православниот обичај Божиќ се слави три дена, а верниците се поздравуваат со зборивите Христос се роди - Навистина се роди.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
