Македонија
4. August 2022 - 16:32

Охрид полн со туристи, каков е интересот за културните настани од Охридското лето?

Со Фламенко балетот Луксуриа од Шпанија едно од најспектакуларните фламенко продукции во светот Фестивалот Охридско лето ќе го прослави 62 от роденден.Директорката Поповиќ потенцира дека звуците на класичната музика во прекрасната Света Софија ,грандиозните дела на Античкиот театар и квалитетните театарски претстави се само доказ дека тука во дврениот Охрид повеќе од половина век се негува музичката и театарската совршеност.

Бројните љубители на уметноста уживаат во богатата програма за која се бара карта повеќе.

Инаку историјата на Охридско лето од првиот одржан концерт на сега покојната вокална уметница Ана Липша Тофовиќ во далечната 1961 година до денес претставува значаен момент на културното живеење.