Македонија
16. September 2022 - 12:27

Охрид: Поедноставен процес за инвестиции во фотоволтаици

Планот на УНЕСКО ги ограничува инвеститорите да вложуваат во фотонапонски електрани, во Охрид нема ниту една економски е неисплатливо бидејќи може да се гради само на 40% од парцелата. Со новата одлука на советниците со која од планот се изземаат парцели вон опфат на урбанистички план на кои би се поставувале фотоволтаични системи општина Охрид ќе фати чекор со остатокот на државава каде по 2019 година со измените на законот за енергетика се изградија стотици фотоволтаични електрани.

Под притисок на енергетската криза Охрид заостанува зад многу општини, во земјава од страна на голем број инвеститори се изградија околу 200 фотоволтаични електрани.

Постапките за изградба на фотоволтаични електрани ќе се регулира со Законот за урбанистичко планирање.

Секој поединечен предмет за охридскиот регион  во текот на постапката, покрај од другите институции, ќе треба да добие позитивно мислење и од Националната комисија за УНЕСКО.