Македонија
12. December 2023 - 12:29

Охрид подготвен за празниците

Охрид по традиција ќе биде полн за новогодишните празници.Хотелиерите и угостителите ги прават последните подготовки иако оваа година аранжманите на брегот на езерото бележат поскапување од 10 до 20 проценти сепак според највите на туристичките работници се најефтини во регионот . Капацитетите се веќе целосно букирани во зависност од понудата тродневен аранжман, со вклучен појадок достигнува цена од 200 до 300 евра по лице .

Туристичките работници ја збогатуваат понудата, Најбројни ќе бидат гостите од соседството, , а нема да изостанат ни  домашните ни оние од подалечните земји .

Центарот на градот  е веќе украсен со новогодишни реквизити од локалната најавија дека прослава на градскиот плоштад ќе има а наскоро се  очекува да биде објавена и програмата и изведувачите што ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за најлудата ноќ во годината.