Македонија
11. January 2023 - 12:11
Охрид го развива планинскиот туризам
Охрид атрактивна дестинација за активен туризам.
После пандемијата странските туристи го избегнуваат масовниот туризм. Се почесто тие се одлучуваат сами да го организираат своето патување бирајќи ги природните убавини и планините каде можат да возат велосипед или да планинарат.
Туристичките водичи на планина велат дека нашата држава има што да понуди, но потребно е да се работи за подобрување на патната инфраструктура.
Водичите посочуваат дека пандемијата направи пресврт и кај домашните туристи се повеќе граѓани се одлучуваат слободното време да го поминат на планина.
Националниот парк Галичица е најпосетен бидејќи нуди единствена можност за погледа на двете езера Преспанското и Охридското.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
