Охрид доби современи апарати за рана дијагностика на ХПВ вирус
Пациентите од охридско-струшкиот регион за првпат имаат можност да направат навремена и точна дијагностика за ХПВ вирусот, кој е клучен во борбата против ракот.
Граѓаните наместо да патуваат до Битола и Скопје вакви анализи сега можат да прават во Охрид. Станува збор за современа апаратура која од јануари, следната година, во Центарот за јавно здравје ќе им овозможи на граѓаните да добијат брзи и точни резултати за анализите.
Новите методи бараат и екипираност, на персоналот фалат лекари и медицински сестри.
Гинеколозите велат дека раното откривање на ХПВ вирусот и ХПВ типизацијата се клучни во борбата против карциномот на грлото на матката.
На запад пред неколку години е воведено наместо ПАП тест, прво да се прави ХПВ типизација, бидејќи е објаснето дека во 99% случаи ХПВ вирусот е главна причина за појава на карцином на грлото на матката.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
