Македонија
16. July 2022 - 16:37

Охрид доби плажи за лица со посебни потреби

Охрид конечно доби плажи за лица со посебни потреби.Во Љубаништа и Горица 3 поставени се рампи со платформи за полесен пристап  до Охридското езеро ,тоалети а достапни за користење се и електрични инвалидски колички. Телевизија Сител во неколку наврати информираше за овој децениски проблем а членовите од Мобилност бараа од надлежните по примерот на соседните земји и туристичките центри да добијат плажи.

„Општина Охрид овие помагала ги обезбеди преку донација од Здружението “СОС Балканмедиа” за што изразувам голема благодарност. Рампи се предадени во сопственост на ЈП “Охридски Комуналец ” и после завршување на летната сезона во септември тие ќе бидат отстранети и наредната сезона повторно поставени.“

За овие лица да ги користат езерските води потребно е да се обезбедат и дополнителни услови според одредни критериуми и стандарди,велат од Црвен крст Охрид.

„Условите кои треба да се создадат се посебни критериуми и стандарди кои ги спроведуваат посебни лица, но и специјални колички кои плутаат во водата и со кои лицето влегува во водата, со помош на спасители, лица посебно обучени за таа намена. Ние имаме такви обучени лица  кои беа на обуки во Шпанија уште во 2008-та година“.

Од локалната најавија дека ќе продолжат со адаптирање на уште неколку вакви плажи на брегот на езерото и се надеваат дека на овој позитивен пример ќе се приклучат сите сопственици на хотелите долж ривиерата.