Охрид доби Младински културен центар
Охрид го доби првиот Младински центар. Место каде ќе се спроведуваат и подготвуваат програми за подобрување на социјалниот и професионалниот живот на младите. Конечно охриѓани имаат место кое ќе биде сервис за младите, со можност да учествуваат во градење на младински политики.
За вакви центри во Македонија немаме историја но во Европа повеќе од 30-40 години функционираат и на локално ниво се клучно место каде што младите може да делуваат и да придонесуваат па од друга страна и за самата општина.
Планот е овој Центар да прерасне во поголема институција како Младински културен центар. Инаку, Охрид е првиот центар во Македонија кој е поставен на стандардите на европските младински центри и од аспект на капацитет просторен, програмски и технички во смисла на опрема која ќе треба да биде неопходна за да ги исполни скоро сите потреби за активности на младите.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
