Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати

Одземени се шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати, информира поладневно Министерството за внатрешни работи.
МВР наведува дека Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со ОЈО Кочани, по претходно преземени мерки и активности, покрај доказите кои се однесуваат на непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, обезбедени се бројни докази кои упатуваат на постоење на основано сомнение дека Александар Лазаров располага со значителен движен и недвижен имот, стекнат со криминална активност.
Основен суд Кочани за имотот определи привремени мерки за обезбедување со привремено одземање на шест патнички возила „џип", „порше", „фолксваген", „ауди", „бмв" и „пасат", како и недвижен имот-стан.
ОВР Кочани, додаваат од МВР, продолжува со преземање на мерки и активности за утврдување на законитоста на стекнатиот имот.
Претходно Јавното обвинителство информира дека, кој беше во бегство откако избега од Полициската станица во Кочани, е испратен на издржување притворска мерка, а јавен обвинител до Основниот суд во Кочани поднел и барање за привремено одземање на движен и недвижен имот поврзан со осомничениот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност - еден стан и вкупно шест автомобили.
Основното јавно обвинителство Кочани, како што информираат од Обвинителство, на 10 јули годинава донел Наредба за спроведување истражна постапка, која покрај овој осомничен опфаќа уште едно лице, а се однесува на кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, кое го сториле како соизвршители.
Истрагата, како што информираат, е поведена затоа што кај осомничените, при претрес во автомобил, биле пронајдени осум грама наркотична дрога – кокаин.
Освен тоа, јавниот обвинител до Основниот суд во Кочани поднел и барање за определување привремена мерка за обезбедување - привремено одземање на движен и недвижен имот согласно член 202 од Законот за кривичната постапка, односно имот поврзан со осомничениот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност.
-Од преземените дејствија до овој момент постои сомнение дека еден стан и вкупно шест автомобили, од кои дел биле запишани на други лица, фактички се наоѓаат во владение и на располагање на осомничениот. Овој имот не кореспондира со неговите законски приходи, што го потврдува сомнението дека истиот претставува имот стекнат со криминална активност или имот кој служи за прикривање на незаконски стекната имотна корист – информираа од Обвинителство.
По претходно добиени оперативни информации полициски службеници од СВР Скопје - Одделение за потраги, вчера 41-годишниот Лазаров, е приведен во Полициската станица Кисела Вода. По предлог на јавниот обвинител, истиот ден на лицето му била определена мерка притвор, додека по лишувањето од слобода, јавниот обвинител денеска бил известен и лицето веднаш е испратено на издржување на притворската мерка.
Ново на Сител
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава
-

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи
