Одложена најавената хуманитарна помош во Газа
Најавената хуманитарна помош што од денеска требаше да почне да пристигнува за цивилите во Појасот Газа е одложена. Камионите со помош не можат да поминат. Сеуште не е поправена штетата на египетскиот граничен премин Рафах направена од израелските бомбардирања измиантите денови соооптија ОН.
За денеска беа најавени 20 камиони со храна, лекови и вода. Израел ја стави палсетинската енклава под опсада, по големиот напад од Хамас на 7 октоври , прекинувајки го снабдувањето со струја, вода и гориво. Пред два дена Нетанјаху се согласи да се испраќа храна , вода и лекови за Газа но не и гориво.
Во тект на ноќта во израелксите бомбардирања на цели на Хамас била погодена и Грчката православна црква Свети Порфириј во градот Газа соопштија црковните власти и дека 8 цивили загинале, а неколку се повредени.
-Тие дојдоа овде за да избегаат од воздушните напади и уништувањето, мислеа дека се безбедни овде. Бајден, ти ја даваш целата своја поддршка на Израел да ги убие цивилите. Сите овие авиони на небото и сета поддршка што му ја давате на Израел е само да не убиете нас и да убивате цивили. Ова е вашата цел на Блискиот Исток, да убивате цивили, изјави Преживеан во екплозијата во црквата
Станува збор за третата најстара православна црква во светот. Го истражуваме инцидентот соопшти израелското воено раковдство. Информираше дека бомбрдирањата врз мети на милитините продолжуваат а војнците распредени на границата чекаат зелено светло за напад. Паралено Израел се бори и со Хезболах на либанската граница на север. Пентагон објави дека американски воен брод во Црвеното Море синока пресртнал и соборил три проектили и неколку бесиполни летала лансисрани од страна на Хути, бунтовниците во Јемен, поддржани од Иран.
- Не можеме со сигурност да кажеем кои биле метите на овие ракети и дронови, но тие беа лансирани од Јемен, упатувајќи се северно покрај Црвеното море, потенцијално наменети за мети во ИЗарел. Нашиот одбранбен одговор беше ист како каков што превземаме против било каква безбедносна закана во регионот против нашите интереси, персонал и нашите партнери, изјави Пет Рајдер, портпарол на Пентагон.
Повеќе од 3700 Палестинци се убиени а над 12 000 се повредени во Газа велат палестинските власти, откако Хамас го нападна Израел и уби повеќе од 1400 луѓе а околу 200 цивили и војнции беа земени како заложници. Хамас понудил ослободување на некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот, но Израел досега не се согласил на тоа јави БИБИСИ..
Бајден синоќа побара од Конгресот да одобри нов пакет воена помош за Израел и Украина.
- Се соочуваме со точка на пресврт во историјата, еден од оние моменти кога одлуките што ги носиме денес ќе ја одредат иднината во следните децении“.Не можеме и нема да дозволиме да победат терористите како Хамас и тираните како Путин порача Џо Бајден , претседател на САД.
Кремљ го осуди обраќањето на Бајден во кое тој ја спореди Русија со терористичката група Хамас и го нарече Путин тиранин. таквата реторика тешко одговара за одговорни шефови на држави рече портаролот на Кремљ.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
