Одбележување на Светскиот ден на Мултиплекс склероза
По повод одбележувањето на Светскиот ден на Мултиплекс склероза (МС), Мобилност Скопје со поддршка од страна на град Скопје, единаесетти пат организира мирен марш за силно поткревање на гласот на лицата со МС, Параплегија, Дистрофија и Детска парализа, како и успешно подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, постојаната борба за остварување на нивните права и создавање кохезија со заедницата за еднакви можности.
По тој повод денеска во 10 часот, ќе се организира собир пред Порта Македонија каде се најавува присуство на голем број на членови, пријатели, поддржувачи, јавни личности, лица од сферата на здравствениот, политичкиот и јавниот живот во државата и медиуми.
Во 11 часот со мирен марш поворката од учесници ќе тргне по улица „11 Октомври” кон Собранието на РМ и ќе се движи се до ДХО „Даре Џамбаз”.
МИА
Ново на Сител
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
