Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на одбележувањето на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.
По тој повод, беа испратени честитки и пораки за поддршка до четворицата матуранти и една полуматурантка, кои денес затвораат едно важно животно поглавје и започнуваат ново.
- Матурата претставува симбол на растење, вложен труд, надеж и нови почетоци. Денешниот ден е доказ дека со љубов, грижа и вистинска поддршка, секое дете може да ја изгради својата иднина, да сонува големо и да верува во себе - беше истакнато на настанот.

Во обраќањето беше нагласено дека секое дете заслужува да расте во средина исполнета со љубов, сигурност и поддршка, а посебна благодарност и почит им беше изразена на воспитувачите, негувателите и сите вработени кои низ годините биле потпора и второ семејство на децата.
На матурантите и полуматурантката им беше порачано да бидат горди на својот пат, на сите предизвици што ги надминале и на успесите што ги очекуваат во иднина.
Воедно беше потенцирано дека грижата за децата не завршува со еден настан или честитка, туку продолжува преку конкретна поддршка, посветеност и заедничка заложба за подобра иднина за секое дете.
На крајот од настанот, беа упатени искрени честитки по повод матурирањето и полуматурирањето, со желби за многу успех, среќа и исполнети соништа во животот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
