Одбележување на 80-годишнина од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78-годишнина од прогонство на деца Македонци од Егејскиот дел

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и соорганизација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ - Скопје денеска пред Споменикот на децата бегалци во Паркот „Жена - борец“ ќе се одржи традиционалното одбележување на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 и 78-годишнината од прогонството на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година, информираат од органзацијата.
Како што е најавено, обраќање ќе има претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Александар Јаневски.
Подоцна, во 12 часот во големата сала на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, до МПЦ „Света Лидија“ во изградба, Гази Баба, во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ - Скопје, ќе се одржи Академија посветена на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 и 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
