Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, во секој момент треба да ги објави новите цени на горивата по кои тие од полноќ ќе се точат на бензинските пумпи низ Македонија.
Имајќи ја предвид прес конференцијата на премиерот од минатиот викенд, нема некоја неизвесност.
Дизелот, според најавите на премиерот се очекува да поевтини за 2,5 денари по литар, а бензините за околу 1,5 денари.
Според најавеното, максималната цена на Еуросупер 95 би изнесувала околу 82 денари за литар, Еуросупер 98 околу 84 денари, додека дизелот би се продавал за приближно 95,5 денари за литар. Тука не се пресметани попустите кои ги даваат најголем дел од бензинските пумпи од 2 денари за бензин и 3 денари за дизел.
Премиерот појасни дека ваквото намалување се базира на анализите на движењето на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи во изминатиот период, како и на владините мерки за ублажување на ценовните шокови.
Воедно, најавено е дека ќе продолжат и постојните мерки, меѓу кои намалениот ДДВ за горивата и механизмот за усогласување на акцизите, со цел да се задржи ценовната стабилност и да се заштити стандардот на граѓаните.
Утрово цената на суровата нафта на светските берзи повторно се врати на нивото под 100 долари за барел и јунските испораки се тргуваа за околу 98 долари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
-

Го киднапирале, со пиштол му се заканувале да признае наводно силување, ОЈО бара притвор за двајцата грабнувачи
