Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз

Градскиот воз започна да сообраќа денеска на првата од трите предвидени линии и тоа: Зелениково - Ново Зелениково - Орешани - Јане Сандански - Драчево - Лисиче и Нова железничка станица Скопје.
Железници Инфраструктура за потребите на проектот „Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација.
Сообраќајот на линијата Зелениково-Нова железничка станица Скопје ќе се реализира со три возови според точно утврден ред на возење кој го утврди МЖ Транспорт.
Проектот „Градски воз” е идеја на оваа Влада со цел граѓаните на Скопје како од приградските места, така и од централниот дел да добијат побрз, поефикасен и подостапен јавен градски превоз. Целта е периферните делови на Скопје да се поврзат со централното подрачје на Градот, што ќе значи поевтино патување, пократко патување, помалку чекање и побрз јавен транспорт.
Особено значајно е што проектот „Градски воз" се интегрира и со сообраќајниот ред на возење на ЈСП и на тој начин се добива еден квалитетен, интегриран и ефикасен јавен превоз за граѓаните, студентите и учениците.
Од Министерството за транспорт потенцираат дека во тек се работи и на проектирање на втората и третата линија од Градски воз, односно едната од Нова железничка станица преку Бутел - Скопје-Север до Ѓорче Петров и другата од Нова железничка станица преку Автокоманда- Маџари до Илинден.
Официјалната промоција на проектот е најавена за утре, а се очекува да присуствуваат претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, директорoт на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, директорот на МЖ Транспорт Дејан Кошутиќ, потоа градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓеоргиевски, како и градоначалниците на оштините Зелениково, Коста Маневски, на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и на Аеродром, Дејан Митевски.
Според предвиденото, присутните симболично ќе го означат проектот „Градски воз” со патување со воз од железничката станица Зелениково до Нова железничка станица Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
