Од денеска Фејсбук ја наплаќа оваа опција

Со новиот пилот проект, Фејсбук најави дека има за цел да наплаќа на членството во групите на оваа социјална мрежа.
Тоа значи дека основачот и извршниот директор Марк Цукерберг ги измами корисниците кога рече дека нема да дојде до такво нешто, а ваквиот потег на претставниците на Фејсбук е образложено во соопштение.
- Поттикнати од поединечни администратори на различни групи на Фејсбук, одлучивме дека дојде време да им пружиме поддршка за тие да можат да ја продожат квалитетната работа во финансиски сигурено опкружување, се вели во соопштението.
Пилот проектот почнува денеска, а ќе биде имплементиран во неколку групи, чии членови ќе бидат известени дека за натамошно учествување во нив ќе мораат да плаќаат месечна членарина.
Нејзиниот износ го одредуваат администраторите на тие групи, а се претпоставува дека тоа ќе изнесува од пет до 30 долари.
- Сметаме дека мерката ќе биде приземена за на администраторите да им се овозможи заработка за нивниот ангажман во одржување на група, што на крајот ќе придонесе и во развој на дигиталната заедница, се вели во соопштението.
Претплатата ќе се плаќа преку апликациите на IOS и Андроид телефоните.
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
