Од четврток дожд и опаѓање на температурите

Денеска и утре времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, од 15 до 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.
Како што информираат од УХМР, од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 километри на час. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.
Во Скопје, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање.
МИА
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
