Очув од пеколот: 10 пати дневно ја силувал 9 годишната ќерка, мајката приметила кога било предоцна за абортус

Деветгодишно девојче останало бремено откако нејзиниот очув ја силувал 10 пати дневно, но бременоста е откриена тек кога малото девојче влегло во петтиот месец, па веќе било предоцна за абортус.
Злоставувањето е откриено кога нејзината мајка, Лина Виолета Хулк Риос, забележала дека не девојчето и расте стокаот.
Ја однела својата ќерка од нивниот дом во Вентанилја, во провинцијата Калао во центарот на Перу, во приватен медицински центар, каде на прегледот на ултразвук се видело дека детето е бремено во петти месец.

Хулка Риос потврдила дека девојчето останало бремено со нејзиниот партнер, Елмер Серхио Чамберго Тапија.
Откако се дознало што и правел на малечката, тој побегнал и се уште не можат да го најдат.

Девојчето раскажало дека очувот ја силувал и по десет пати дневно кога останувале сами дома.
Нејзиното семејство бара злосторникот да биде осуден на најстрога можна казна и да им биде доделена финансиска помош за правна и психолошка поддршка, која ќе им биде потребна за оваа несекојдневна бременост.

Перуанската министерка за жени, Ана Марија Чокенхуанка, изјави дека има иницијатива сексуалното насилство над децата најостро да се казнува.
Ново на Сител
-

Македонското еколошко друштво ќе спроведува европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион
-

Пронајдени човечки стапалки стари 115.000 години
-

Научно истражување: Птиците имаат способност да го видат магнетното поле
-

Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех
-

Кралот Чарлс Трети денеска ќе се обрати пред пратениците во американскиот Конгрес
-

Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума
-

Сабаленка за вирусот на турнирот во Мадрид: Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос
-

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин
