НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје

Националниот парк „Шар Планина“ упати апел до возачите на моторни возила, особено на четирицикли, да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје и да ги почитуваат другите посетители.
Од НП „Шар Планина“ на социјалните мрежи споделија видео на кое се гледаат несовесни возачи на четирицикли кои при движењето по сувите земјени патишта создаваат големи облаци прашина.
Потсетуваат дека планината е простор што го споделуваат сите – планинари, велосипедисти, локално население и посетители.
-Во овие летни денови земјeните патишта се исклучително суви, а движењето со поголема брзина создава големи облаци прашина. Прашината не е само непријатност – ситните честички што се креваат од сувите патишта се вдишуваат и можат да предизвикаат иритација на дишните патишта, кашлица и отежнато дишење. При пешачење и друга физичка активност дишеме подлабоко и почесто, поради што изложеноста на прашина е уште поголема, потенцираат од НП Шар Планина.
Апелираат до сите возачи да ја намале ја брзината кога поминуваа покрај пешаци и велосипедисти.
-Не турирајте и не забрзувајте непотребно – со тоа дополнително се крева прашина, се создава бучава и се вознемирува дивиот свет. Движете се исклучиво по дозволените патишта и не излегувајте со возила надвор од нив. Кога ќе сретнете планинари, велосипедисти или други посетители, забавете и поминете внимателно и со почит, се вели во апелот.
Од Националниот парк со порака дека мало намалување на брзината значи многу за човекот кој пешачи зад тие со четирицикли.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
