Ново мнозинство или нови избори, што ја очекува Македонија по пропаднатиот обид за недоверба на Владата
Ново мнозинство што ќе го предводат СДСМ и ДУИ, а во кое ќе се приклучи Алтернатива на Гаши или пак, брзи избори. Тоа се двете опции што се отворија по синоќешиот неуспешен обид за гласање на недоверба на владата на Заев.
Формирање на ново мнозинство од страна на сегашната власт е поверојатна опција. Вратата за нејзе си ја отвори самиот Гаши, давајки поддршка за влада која има цврста евроатланска ориентација и ќе склучи договор со Бугаарија.
Денеска од Алтернатива ја спуштаа топката, но извесно е дека разговори за влез во влада има.
Новото мнозинство се најавува и од страна на СДСМ.
Пораки стигнаа и од ДУИ.
-Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без Алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук.
Четворицата пратеници на Алтенратива треба да го дополнат мнозинството на Заев кое во моментов има 59 пратеници. Во таков случај власта би броела 64 пратеници со се Кастриот Реџепи од БЕСА. Новото мнзоинство би повлекло и реконструкција на Владата. Се заборува за две министерства за Алтернатива: за земјоделство и за култура.
Втората опција се брзи избори како што бара опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Беса на Касами пак, дефитивно е надвор од владата. Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и двајцата заменици министри од БЕСА си поднесоа оставки.
Според Хоџа влезот на Алтернатива во Владата заеедно со ДУИ би бил политичко самоубиство.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
