Новиот директор на АНБ отворил нова истрага за случајот Онишченко
10тина дена по превземањето на функцијата новиот директор на АНБ спроведува нова, проширена истрага за случајот Онишченко. Што подготвува Зарко Милошевски засега не е познато, а детали не открива ниту премиерот Ковачевски, кој вели дека сите информации ќе бидат изнесени пред собраниската комисија која ја надгледува работата на АНБ, но на затворена седница.
Истрагата за Онишченко сега ќе треба да ја доврши новото раководство на Агенцијата за национална безбедност, да реферира пред Собранието и пред Владата на затворена седница и потоа да можат да се преземаат соодветни чекори согласно со наводите од таа истрага, изјави премиерот Ковачевски.
Претседателот на собраниската комисја пак не е запознаен дека се подготвува нов извештај за Онишченко. Пратеникот Пренџов вели дека нова седница е закажана за во вторник, а работа на комисијата е да го утврди пропустот поради кој украинскиот олигарх доби македонско државјанство, а не да се занимава со стари или нови извештаи.
Опозицијата пак бара разрешување на Зарко Милошевски кој лично ставил потпис на одобрението за пасош на Онишченко. ВМРО-ДПМНЕ се уште очекува одговори и каква е неговата позврзаност со настаните во Диво насеље и на 27 април во Собранието.
„Еве на пример, Димитар Ковачевски има многу што да одговори. На пример дали Зарко Милошевски, новиот шеф на АНБ, пулен на Миле Зечевиќ за шеф на својот кабинет во АНБ ја поставил истата личност шеф на кабинет и на екс директорот на УБК? Ковачевски мора да одговори дали Зарко Милошевски бил награден за успешна акција во Диво Насеље? И Ковачевски и потоа мора да одговори дали смета дека акцијата во Диво Насеље, за која што бил награден Зарко Милошевски била успешна полициска акција“, запраша Стоилковски.
Собрансиката комисија која треба да утврди одговорност е во застој повеќе од еден месец поради безбедносниот пропуст кога дел од отчетот на тогашниот директор на АНБ Виктор Димовски отиде во јавност и покрај затворената седница.
Скандалот со доделеното македонско државјанство за контроверзниот украинец кој се наоѓа и на црната листа на САД, го доведе во прашање и заминувањето на Димовски за амбасадор во Париз.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
