-->
-->
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-->

Во Србија во над 70 населени места и градови попладнево се одржуваат собири на кои се искажува протест против блокадите.
Собири се одржуваат во Инѓија, Аранѓеловац, Врњачка Бања, Лозница, Крушевац, Лесковац, Зрењанин, Дољевац, Шид, Обреновац, Трговиште, Бор, Прибој, Крушевац, Рума, Рашка, Бачка Паланка, Сремски Карловци, Бачка Топола, Обреновац, Лучани, Пожаревац, Неготин…
Нема такви собири во Белград и во Нови Сад.
Излезените луѓе носат транспаренти со натписи „Сакам живот“, „Мир да, блокада не“. Според медиумите тие денеска ќе испратат порака – „Доста е“.
Претходниот собир на „Граѓани против блокадите“ беше одржан во средата во 50-на градови низ државата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
