Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад

Студентите во блокада на Универзитетот во Белград најавија за денеска попладне протест под мотото – „Индексот е посилен од пендрекот“.
„Се запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите.
На социјалните мрежи, студентите објавија дека протестот почнува во 14 часот.
Тие објавија и илустрација од планот на протестот – првата точка е зградата на Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Одделот за обезбедување одредени лица и објекти и на крај Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.
Студентите во блокада на Медицинскиот факултет во Нови Сад исто така повикаа за денеска на заеднички протест против полициската бруталност во 11:52 часот пред Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина.
Тие испратија повик до колегите здравствени работници и граѓаните на Нови Сад.
„Додека ние преврзуваме, вие претепувате! Рацете што лекуваат не смеат да бидат врзани… Бели мантили секогаш, бело знаме никогаш“, наведоа студентите во објава на социјалните мрежи.
Низ Србија вчера доцна попладне се одржаа собири на граѓани кои се против блокадите.
Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави дека на 111-те собири „Граѓани против блокади“, чие одржување го пријави Центарот за социјална стабилност, излегле вкупно 126.399 луѓе.
Тој рече дека сите собири поминале без инциденти, но дека во Шабац и Чачак имало ненајавени паралелни собири на луѓе кои се обиделе да го спречат одржувањето.
МИА
Ново на Сител
-

Актерството ме научи дека можам да успеам во секоја улога | Марија Јанчевска | Sitel Podcast 145
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција
-

Боко Харам уби 23 војници во Чад
-

Трамп: Иран нема никакви шанси
-

Иран ги обвини САД за убиство на пет цивили во два трговски брода во Ормуската Теснина
-

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме македонскиот јазик, да го браниме од негирања, оти без него не сме тие кои сме, ниту ќе останеме свои
-

Во Собранието завршија интервјуата на петте кандидати за член на ДКСК
-

23-годишник од тетовско се сретнал со шест лица за да расчистат недоразбирање, наместо тоа, почнал да пука кон нив
