Новата сезона во АБА 2 стартува утре со три македонски екипи
Со нов формат и зголемен број екипи, утре официјално стартува новата сезона во регионалната кошаркарска АБА 2 во која ќе настапат три македонски екипи, МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Пелистер.
Според новите пропозиции, по четири екипи се поделени во четири групи и во првата фаза секоја од 16. екипи ќе одигра по шест натпревари, три на домашен и исто толку на гостински терен. По шест одиграни кола, првопласираните две екипи од секоја група обезбедуваат пласман во следната фаза од натпреварувањето во која ќе бидат формирани нови две групи.
Во Топ 8 фазата ќе се одиграат уште шест кола по кои двете најдобри екипи од двете групи, ќе се пласираат во полуфиналето на плеј-офот.
Четирите најдобри екипи ќе се борат за место во финалето во серија „подобар од три натпревари“ (1-1-1), а според истиот систем ќе се игра и финалната серија.
Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје, е дел од групата „А“, во која за противници ги има екипите на Хелиос од Домжале, загрепска Цедевита Јуниор односно Теодо од Тиват.
Пелистер кој и лани беше дел до оваа конкуренција е сместен во групата „Ц“ во која се и екипите на Подгорица, Широки и Вршац.
Скопски Работнички ќе ја почне сезоната од групата „Б“ во која за ривали ги има Војводина од Нови Сад, Сутјеска од Никшиќ, и сараевска Босна.
Македонскиот шампион ќе ја има и честа да го отвори новото издание на АБА 2 лигата, утревечер, од 18. часот во СЦ „Јане Сандански“ против црногорски Теодо.
Два дена подоцна, на 26. септември, во СРЦ „Кале“, исто така од 18. часот, Работнички е домаќин на уште еден црногорски претставник, Сутјеска, додека својот натпревар од премиерното коло од новата сезона Пелистер ќе го одиграна 1. Октомври на домашен терен против Широки.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
