Новата година веќе пристигна во делови од светот
Малите пацифички острови Самоа и Кирибати први влегоа во Новата 2023та, а по нив славеа и жителите на Нов Зеланд – нова година ја дочекаа со ласерско шоу и спектакуларен огномет
Новата година стигна и во Австралија. По двегодишните рестрикции поради ковид пандемијата, Сиднеј го врати стариот сјај. Над 100 000 пиротехнички средства го осветлија небото на блескавото пристаниште
Традицијата се враќа и на славниот Тајм Сквер во Њујорк
Сепак, Новата година почнува во сенка на руско укаинската војна. Двете завојувани држави ги откажаа масовните дочеци на плоштадите, а нема да има ниту огномет.
Русите се откажаа од новогодишните прослави, наместо традиционалните концерти на Црвениот плоштад, парите ќе се пренаменат за финансисрање на воената операција во Украина.
Украинците во новата година влегуваат со желби за мир и победа.
И покрај сè, поставивме елка дома и им купивме подароци на децата. Ова мора да биде вистински празник, и покрај околностите во кои живееме овие денови.
„Навистина би сакал оваа година да заврши. Беше доста тешка година и сите заедно со претходните години, со КОВИД и сега со војната, навистина сакам оваа година да биде повесела за сите нас. И посакувам за победа во наредната година, така што 2023 година сите нас ќе ја паметиме како година на победата“.
Хаваи, Американска Самоа и островите Мидвеј ќе бидат последни кои ќе ја пречекаат 2023 година.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
