Новаци нова идеја за центар на регионалната депонија
Меѓурегионално ќе се решава проблемот со комуналниот отпад во Југозападниот плански регион. Како алтернативно решение сега на маса е регонална депонија во Новаци, каде покрај отпадот од пелагонискиот би се собирал и третирал и отпадот од општините Охрид, Струга и Дебрца.
Соодветнтниот третман на комуналниот отпад е и една од препораките на Унеско.
Градоначалникот на Дебарца Ногачески истакна дека проблемот со комуналниот отпад Општината ќе го решава преку претоварната станица во Охрид, а на локалните власти во останува да обезбедат инвестиции за зајакнување на капацитетите на општинските јавни комунални претпријатија.
Според најавите до крајот на 2025 година терба да заврши тој процес со изградба на депонијата во Новаци.
Третманот на цврстиот отпад е и едно од прашањата што мора да биде решено за Охридскиот регион да не се најде на листата загрозени подрајча.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
