Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
Идентитетот, прогонството и заборавените траги на историјата се дел од отворените прашања на документарниот филм „Македонецот“ во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска посветен на судбината на неговиот татко кој како дете бил прогонет од родниот крај.
Истовремено, филмот раскажува и за тишината што со децении ги следела многу семејства.
Приказната на Петро Алексовски допира до судбината на генерации Македонци чии животи биле пресечени од војните, прогонствата и поделбата на Македонија.
Овој филм е можност нивните приказни повторно да бидат слушнати и пренесени на идните поколенија таквите судбини да се ПАМЕТАТ а никогаш да не се повторат.
„Патување кон корените“ означува и патување низ сеќавањето — обид преку фотографии, сведоштва, филм и изложба повторно да се поврзат деловите од една семејна и народна историја.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
