Преглед на вестите од светот
Под мотото Враќањето на довербата, управување со трансформацијата. Обединети нации што испорачуваат за сите почна генералната дебата на 81 сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. . Главни теми - војните во светот, вештачката интелигенција и климатски промени. Речиси 130 шефови на на држави и влади учестуваат на собирот кој ке трае до 28 септемрвври., .
- Конфликтите се шират како лавина, а таканаречените прекини на огнот се сведуваат на нешто повеќе од само намален интензитет на судирите, додека цивилите продолжуваат да ја плаќаат цената“.Доста е. Нашата иднина ќе зависи од тоа како ќе одговориме на „четири големи искушенија на моќта“: моќта над војната и мирот; моќта што „го концентрира богатството и ја поттикнува нееднаквоста“; моќта што „го поттикнува климатскиот хаос“; и моќта ослободена од вештачката интелигенција, порача Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.
Ова е последен пат Антонио Гутереш да ја отвори Генералната дебата на ОН со говор во својство на генерален секретар. Неговиот мандат завршува на 31 декември.
Американскиот претседател традционално се обраќа меѓу првите на генералното собрание на ОН. Според најавите од Белата кука , ТРамп ке зборувава што Соединетите држави направиле за да се спраљваат со предвизиците ширум светот, вклучителни и со нукеларната програма.
Иранскиот претседател Пезешкијан утре ке се обрати пред учесниците во дебатата а израелскиот премиер Нетњању в четврток. На генералното собрание ке зборуваат и украинскиот претседател Зеленски и шефот на руската диплоамтија Лавров.
Жителите на Копенхаген изразија надеж дека новиот безбедносен договор за Гренланд би можел да ги намали тензиите и да им овозможи на жителите на Гренланд да се фокусираат на сопствената иднина, во пресрет на церемонијата за потпишување на договорот меѓу САД, Данска и Гренланд во Њујорк.
„Некаков вид мир и едноставно ситуацијата малку да се смири, за Гренланд да може да се фокусира на себе и на она што сака да го прави.
Најмногу размислувам за тоа како се чувствуваат луѓето додека живеат на Гренланд и за стравот што тоа можеби би го поттикнало: навистина не знаете што ќе се случи; не знаете дали се соочувате со некаков вид инвазија или што и да е друго. И се надевам дека ова ( договор) може некако да стави крај на тоа.“
Американскиот претседател Доналд Трамп, данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен во текот на денот ке го потпишат договорот.Со договрот , САД добиваат можност да го прошират своето присуство и безбедносни овластувања на арктичкиот остров а Гренланд останува дел од Кралството Данска. Договорот предвидува и забрана за воспоставување воени бази од страна на држави кои не се членки на НАТО.Трамп со месеци се закануваше дека ќе го преземе Гренланд и не ја исклучи употребата на сила, предизвикувајќи сериозна криза во рамките на НАТО.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
