Македонија
21. September 2026 - 16:37

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок

Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина, порача Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи објавувајќи видео и фотографии од разговорот кој во Њујорк го имал со американскиот државен секретар Марко Рубио.

„Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави. Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник“ – порача Мицкоски.

За СДСМ, разговорот на Мицкоски со Рубио е ходник дипломатија.

“Страшно е човек што ја води владата на земјата, неформално муабетење во ходник да го претстави како официјална средба. Средба од тој ранг се води во кабинет, во сала, со агенда и записник. Не во ходник. Не раскопчан. Не без вратоврска. Не со раце во џебови. Нема основна култура. Нема почит кон институција и кон соговорник. Нема политички бонтон. Како од пазар.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

За разлика од времето кога Македонија беше со свиткана кичма денеска державата се застапува гордо и достоинствено, вратија од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивната кратковидост и завидливост, не може да разбере дека единствениот разговор којшто државниот секретар на САД, господинот Марко Рубио го имаше досега е со премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вратија од вледјчката партија најавувајќи официјална средба со заменикот на Рубио, Кристофер Ландау.

Мицкоски кој ја предводи владината делегација од Вашингтон допатува во Њујорк каде што ќе учествува на Генреалното Собрание на Обединетите нации. Тој вчера остварил средба со македонските иселеници и присуствувал на неделната литургија во црквата св. Кирил и Методиј во Њу Џерси. На маргините на генералното Собрание билатерална средба со својот колега од Јордан остварил и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.